Новиот менаџер Тен Хаг им верува на осум играчи на Манчестер јунајтед

Според Ралф Рангник, Јунајтед ќе биде подобар со Ерик Тен Хаг/Фото: EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Ерик Тен Хаг од следната сезона ќе ја преземе улогата на менаџер во Манчестер Јунајтед доаѓајќи како наследник на Ралф Рангник.

Дејли Мејл“ пишува дека холандскиот стратег избрал осум играчи на кои може да им верува во својот тим. „Телеграф“ објави дека Тен Хаг сака да донесе одбранбен фудбалер кој ќе игра покрај Хари Мегваер.

Британците пишуваат и дека стручњакот размислува дали Маркус Рашфорд може да се врати во претходната форма или да се пресели на клупата, а во слична ситуација е и крилниот играч Арон Ван-Бисака.

Се најавува преоден рок со голем број промени, како што се заминувањата на Пол Погба, Хуан Мата, Џеси Лингард и Единсон Кавани. „Дејли Мејл“ пишува дека привремениот менаџер Рангник смета дека на Јунајтед му требаат дури 10 нови играчи, од кои двајца напаѓачи.

Според изјавите на новиот селектор на Австрија, најверојатно Кристијано Роналдо следната сезона ќе игра за Јунајтед.

– Двајца или тројца нови напаѓачи треба да дојдат следната сезона, тоа е прилично очигледно. Со оглед на тоа што тренер ќе биде Ерик Тен Хаг, сигурен сум дека Јунајтед ќе има подобар тим следната сезона – рече Рангник по победата над Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот