Новиот менаџер на Манчестер јунајтед треба да го реши проблемот со Роналдо

Кристијано Роналдо призна во интервју дека би сакал да има повеќе „Златни топки“ од Лионел Меси/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Дебаклот на Манчестер јунајтед од Ливерпул (0:5) и можните наследници на Оле Гунар Солскјер се и натаму топ тема во англиските медиуми овој период.

Норвешкиот менаџер Солскјер доби нова лавина критики и повторно се шпекулира за негово заминување од „Олд Трафорд“. Едно од имињата кое се поврзува со клупата на „црвените ѓаволи“ е Италијанецот Антонио Конте.

Британскиот „Гардијан“ го критикува еден од најискусните играчи во редовите на Јунајтед, Кристијано Роналдо. Португалецот од враќањето на „Олд Трафорд“ во девет настапи реализираше досега шест голови, но според „Гардијан“ тој станува огромен товар за целата екипа:

– Тој не е само тактички проблем. Зборуваме за човекот поради кој откази добија Макс Алегри, Маурицио Сари и Андреа Пирло во изминатите три години. Секој клуб за кој тој игра, во некој момент станува „ФК Роналдо“, и без разлика колку дресови би продал или влијае на зголемениот интерес за клубот на социјалните мрежи не значи дека тимот ќе игра фудбал кој на крајот ќе им донесе трофеи.

Мафтањето со рацете по секој гол е јасен знак за неговиот бунт против Солскјер. Можеше да добие црвен картон затоа што го удри Кертис Џонс, а тоа е можеби најлошиот момент на натпреварот против Ливерпул. Погба доби црвен картон, а исклучени можеа да бидат уште Роналдо, Бруно Фернандеш и Хари Мегваер.

ВИДЕО: Оле „аут“, навивачите не може повеќе да го гледаат срамот на Манчестер јунајтед

Дисциплината целосно исчезна. Играњето фудбал исто така исчезна. Јунајтед мора да одлучи дали сака да биде клуб кој освојува трофеи или клуб кој произведува онлајн содржина. Затоа што кој и да го преземе клубот ќе треба да го реши проблемот со Кристијано Роналдо.

Можеби има начин да ги „уништи“ послабите тимови или да биде последното решение од клупата на големите натпревари. Но, тој веќе не може да има загарантирано место во Манчестер јунајтед против екипи како Ливерпул – пишува „Гардијан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот