Новиот лидер на елитните ирански сили порача: САД кукавички го убија Сулејмани, а ние машки ќе возвратиме

Фото: EPA-EFE/IRAN'S SUPREME LEADER OFFICE HAN

Генералот Сулејмани беше убиен во воздушен напад на САД во Багдад на 3 јануари, што ги донесе односите помеѓу двете земји на раб на војна.

Новиот командант на елитните сили на Кудс, Исмаил Кајани изјавил дека САД го убиле неговиот претходник Касеми Сулејмани „кукавички“ и ветил дека „машки“ ќе го возврати ударот. Кајани вчера присуствувал на церемонија која за него ја организирале воени функционери за официјално да го одбележат почетокот на неговата служба, наведува „Ал Џазира“.

– САД удрија кукавички по Сулејмани, но со божја милост и со напорите на оние кои бараат слобода низ целиот свет и сакаат одмазда за неговата крв, ние ќе го удриме машки нашиот непријател – порачал тој.

Сулејмани беше убиен во воздушен напад на САД во Багдад на 3 јануари, што ги донесе односите помеѓу двете земји на раб на војна. Сепак, стравот од зголемување на конфликтот е намален, откако Иран ги погоди американските локации во Ирак пет дена подоцна.

Кајани (62) на погребот на Сулејмани вети дека ќе го продолжи неговиот пат со „иста сила“ и дека ќе „возврати реципрочно и во неколку чекори ќе ги отстрани САД од регионот“. Како што пренесува иранската државна агенција ИРНА, Кајани станал заменик на лидерот на Кудс во 1997 година, кога и Сулејмани бил именуван како командант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот