Новиот квартал почнува со пад на Европските акции

Мерките преземени за запирање на ширењето на Ковид-19 ја запреа и деловната активност и ја зголемија заканата за губење на компаниите и масовни отпуштања на работниците.

Паневропскиот индекс СТОКС 600 утрово забележа пад од 2,4 отсто по вчерашното завршување на најлошиот квартл во последните 18 години. Падот на европските акции откако економските податоци од Азија укажаа на трајна штета од пандемијата со новиот коронавирус и предизвикаа страв од длабока глобална рецесија.

Мерките преземени за запирање на ширењето на Ковид-19 ја запреа и деловната активност и ја зголемија заканата за губење на компаниите и масовни отпуштања на работниците.

Во март, според денешните податоци, фабричката активност во поголем дел од Азија била во пад, бидејќи пандемијата го парализира синџирот на снабдување, при што извозот на Јапонија и на Јужна Кореја го засени умереното подобрување на економската активност во Кина.

Индексот на најликвидни акции на Лондонската берза ФТСЕ 100 денеска забележа пад од 2,5 проценти, додека акциите на финансиските комании се намалија за 7,0 отсто, откако голем број на банки во Велика Британија ја стопираа исплатата на дивидента со цел да ја зголемат ликвидноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот