„НОВИОТ“ ИНТЕР: Конте со 3-5-2 формација по Скудетото! (ВИДЕО)
Интер со новиот тренер Антонио Конте би требало со посериозни амбиции да влезе во новата 2019/20 сезона и биде конкурентен во борбата за титулата во Серија А.
Интер до крајот на летото сигурно ќе доживее уште промени, а наскоро се очекуваат главни засилувања на „Џузепе Меаца“.
Го чекаат босанскиот интернационалец Един Џеко кој Конте планира да го има во формацијата 3-5-2, а во нападот би требало да соработува со Ромелу Лукаку.
Ова напаѓачко дуо е голема желба на Конте, а на другите позиции се очекува да остане голманот Самир Хандановиќ, а како тројка во одбраната Годин, Де Врај и Шкриниар.
Средниот ред треба да го пополнат Лазаро од Херта, Барела од Каљари, потоа Сенси од Сасуоло, Брозовиќ, а лево ќе остане Перишиќ.