Новиот хит на Нетфликс „The Night Agent“ ќе добие втора сезона

Фото: Инстаграм/„Night Agent“

По големиот успех на филмската платформа Нетфликс, серијата „The Night Agent“ („Ноќниот агент“) ќе добие втора сезона, објави „Варајети“.

Овој акционен трилер ја доживеа својата премиера пред една недела, на 23 март, и за кратко ја освои публиката која го претпочита овој жанр и се најде меѓу десетте најгледани содржини на Нетфликс.

И втората сезона ќе има 10 епизоди.

„Да се добие ваква повратна реакција од гледачите е голема радост за нас и голема заслуга на нашата актерска екипа, нашите режисери, сценаристи и целиот тим кој работеше на серијата, како и нашите партнери од ‘Сони пикчрс телевижн’ и ‘Нетфликс’. Ние сме многу горди на успехот и возбудени за втората сезона“, вели создавачот на серијата, Шон Рајан.

„Среќни сме што ‘Тhe Night Agent’ станува инстантна глобална сензација и едвај чекаме да продолжиме да ја раскажуваме оваа приказна со нашата извонредна актерска екипа“, рече Кетрин Поуп, претседател на „Сони пикчрс телевижн“.

Серијата „The Night Agent“ е базирана на истоимената книга на авторот Метју Кирк и ја следи приказната на ФБИ агентот Питер Старленд.

Главните ликови ги играат Габриел Басо, Лусијан Бјукенан, Фола Еванс-Акингбола, Сара Дежардинс и Ив Харлоу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот