Новиот градоначалник на Северна Митровица, Ерден Атиќ денеска ќе положи заклетва

EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Денеска ќе започне полагањето заклетва на новите градоначалници на четири општини на северот на Косово, пренесува Газета експрес.

Прв заклетва ќе даде членот на движењето Самоопределување и нов градоначалник на Северна Митровица, Ерден Атиќ.

Како што пренесува Газета експрес, заклетвата на новиот градоначалник ќе се одржи во еден од објектите на општина Северна Митровица.

Претседателот на Собранието на Општина Северна Митровица, Неџат Угљанин, вчера истакна дека подготовките за положување заклетва на новиот градоначалник Ердан Атиќ се во завршна фаза, додека од косовската полиција изјавија дека се подготвени инаугурацијата да помине без инцидент.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ситуацијата на северот е многу тензична и рече дека „лажните градоначалници никогаш нема да бидат прифатени“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот