Новиот градоначалник на Рим планира до крајот на годината да го исчисти градот од сметот

Новиот градоначалник на Рим, Роберто Галтиери/ Фото EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Новоизбраниот градоначалник на Рим, Роберто Галтиери, планира до крајот на годината да реши проблемот со отпадот во главниот град, користејќи план вреден 40 милиони евра, соопшти самиот денеска.

-Планот има повеќе правци на делување, рече Галтиери на прес-конференција, и во себе вклучува чистење на улиците, отстранување на отпадот, одржување на вегетацијата и чистење на канализацијата.

Повеќе од 1.000 вработени во градската компанија за собирање отпад „Ама Рома” ќе бидат ангажирани за редовно чистење на неколку улици и правци во градот, изјави социјалдемократот Галтиери.

Но, 55-годишниот градоначалник призна дека моментално работат само 57 отсто од возилата за чистење и собирање на сметот.

Градот со години се бори со проблемот на отпадот.

Претходникот на Галтиери, Вирџинија Раџи од популистичкото „Движење пет ѕвезди”, не успеа да го реши проблемот и затоа беше изложена на бројни критики во кампањата за изборите одржани во октомври.

Галтиери победи на изборите откако вети ефикасна акција за решавање на проблемот со отпадот во градот, што често се поврзува со проблемите со депонијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот