Новиот градоначалник на Њујорк: Крајот на пандемијата наш приоритет

Ерик Адамс Њујорк
Ерик Адамс / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Новиот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, денеска најави дека ќе го извлече најголемиот град во САД од пандемијата, потпирајќи се на издржливоста на њујорчани, ветувајќи дека новите градски власти ќе работат подобро, иако во тоа нема да бидат радикално различни.

Неколку часа откако положи заклетва на Тајмс Сквер, Адамс го искористи своето инаугуративно обраќање за да вети поголема ефикасност, да ги потсети њујорчаните на нивната репутација дека се силни и да ги охрабри речиси деветте милиони луѓе да донесат новогодишни одлуки, како и дека повеќе нема да бидат контролирани од пандемија, пренесува АП.

-Вакцинирањето не дозволува кризата да ве контролира. Уживање во шоуто на Бродвеј, испраќање на децата на училиште, назад во канцеларија. Ова потврдува дека нашиот град е наш, изјави Адамс во Градското собрание.

Како што ја презема функцијата, Адамс (61) се соочува со огромен предизвик да го извлече градот од пандемијата, додека  Њујорк се бори со рекорден број случаи предизвикани од варијантата омикрон.

Ерик Адамс положи заклетва за градоначалник на Њујорк веднаш по полноќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот