Новиот „Аватар“ прогласен за „најкомплициран филм некогаш снимен“: Актерите морале да поминат посебен курс

Фото: Јутјуб/Принтскрин

„Аvatar 2“ кој би требало да ја има својата премиера во декември оваа година, е прогласен за „најкомплицираниот филм некогаш снимен“.

Оваа титула му ја додели американскиот режисер Лиам О’Донел, кој работел на визуелните ефекти во филмовите како „Alien vs. Predator“ и „Iron Man 2“.

На саемот „Digital Day“, режисерот на „Avatar“, Џејмс Камерон, одржал говор, a објавил и нови снимки кои го воодушевиле О’Донел.


„‘Avatar: The Way of Water’ е најкомплицираниот филм кој бил некогаш снимен“, напишал О’Донел на Твитер.

Актерите посетувале курс за да научат што подолго да го задржат здивот под вода

О’Донел додал дека подводните сцени биле снимани со 15 камери, а поради инфрацрвените зраци и компјутерските графики, ликовите и под вода изгледаат одлично.

„Сите актери, од седумгодишно дете до Сигурни Вивер, мораа да поминат курс за да научат да го задржат здивот под вода од 2 до 3 минути. Истиот курс мораа да го поминат и снимателите“, напишал О’Донел во коментарот на Твитер.


„Avatar 2“ ќе ја има својата премиера 13 години по првиот филм. Ќе се гледа во 3Д верзија, а ќе биде првото од трите продолженија на оригиналниот „Avatar“.

ВИДЕО | Фановите чекаа 13 години: Објавен е трејлерот за продолжението на „Аватар“

„Аватар“ влезе во историјата: Филмот на Џејмс Камерон заработи најмногу, надминувајќи го и „Одмаздници“

ВИДЕО | Погледнете го првиот трејлер за долгоочекуваниот „Avatar: The Way of Water“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот