Новиот албум „Фалан филан“ на групата „Перија“ го објави „Шарла рекордс“

Дискографската куќа „Шарла рекордс“ го објави новиот албум „Фалан филан“ на групата „Перија“. Тоа е второ нивно издание за етикетата „Шарла Рекордс“, по широко прифатениот „Кокало“ (ЕР) од јули минатата година. Групата „Перија“ на новиот албум е во состав Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ и Филис Синаноска, три девојки од Скопје кои ги потпишаа и отсвиреа сите осум композиции.

Албумот „Фалан филан“ (жаргонски израз за „бла-бла“ на турски јазик) е на истата концепциска линија како и споменатиот претходник и со јасна идеја да го состави колажот на силно испреплетените музички и животни приказни на луѓето од балканскиот простор. И тоа со истата духовна сила со која опстанале низ историските премрежиња во она што денес го славиме како богато културно наследство. Станува збор за исклучително вреден музички артефакт, испеан на четири балкански јазици, изведен во манир на старите мајстори на традиционални инструменти, автентично, со љубов и посветеност кон традицијата, посочуваат од „Шарла рекордс“.

Материјалот е снимен во студиото „Алшар“, продуциран од Ивица Јанкуловски, а омотот на албумот го изработи младиот македонски уметник Сали Ертунч.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 74, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот