Новиот АЈФОН им прави проблеми на луѓето со ОВАА НЕСЕКОЈДНЕВНА ФОБИЈА

Apple/Apple Event

Епл вчера ги претстави новите модели на Ајфон, меѓу кои и Ајфон 11 Про, кој има три камери.

Иако не е нешто револуционерно, интернетот веднаш се преполни со шеги околу овој модел, споредувајќи го делот кај камерите со плотна од шпорет. Но, се појави и друг проблем.

Луѓето кои страдаат со трипофобија, односно страв од мали и црни дупки, пријавуваат дека чувствуваат вознемиреност и непријатност кога ќе погледнат во задниот дел на новиот Ајфон.

Терминот трипофобија беше „скован“ во 2005 на мрежата Редит. Популарни личности како актерката Сара Полсон и манекенката Кендал Џенер се меѓу оние кои се згрозуваат од гледање во мали дупки. Тука спаѓаат и дупчињата во сирењето и кашкавалот, облека со точки, меури…

Кај некои симптомите на фобијата се толку изразени што се манифестираат со препотување, повраќање, панични напади, па дури и онесвестување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот