Новинарски спор: Го тужеше колегата кој ја силувал и доби отштета од 30.000 долари

Јапонскиот суд му нареди на познатиот телевизиски новинар Норијуки Јамагучи да и плати 3,3 милиони јени (30.000 американски долари) отштета на новинарка Шиори Ито која го обвини за силување.

Ито тврди дека Јамагучи ја силувал во 2015 година додека била во бессознание.

Обвинителството тврди дека нема доволно докази за кривична пријава, па Ито покрена парнична постапка.

Таа стана симбол на движењето „МиТу” (#MeToo) во Јапонија, каде луѓето ретко пријавуваат сексуални напади.

– Многу сум среќна, изјави 30-годишната Ито. држејќи знак на кој пишуваше „победа” по изрекувањето на пресудата.

Ито тврди дека Јамагучи (53) во 2015 година ја повикал на вечера за да разговараат за работа, а таа се сомнева дека тој ја дрогирал, по што таа се онесвестила и се разбудила во хотелска соба.

Јамагучи кој се смета дека има блиски врски со премиерот Шинѕо Абе, најави жалба и повторно ги негираше обвинувањата за силување.

Ито тогаш работела за новинската агенција Ројтерс, а Јамагучи во „Токио броадкастинг систем” (Tokyo Broadcasting System), голема медиумска компанија во Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот