Новинарската почит кон него ќе биде вечна

Беше почитуван од сите колеги од медиумите во земјава и во бившата СФРЈ, а посебно од оние што го учеа новинарскиот занает од него и поминаа „низ негови раце“.

Деновиве почина еден од најголемите новинари во нашата земја и во регионот, доајенот на радионовинарството Градимир Јовановиќ – Киби. Беше почитуван од сите колеги од медиумите во земјава и во бившата СФРЈ, а посебно од оние што го учеа новинарскиот занает од него и поминаа „низ негови раце“.

Беше исклучително чесен и карактерен човек. Добитник на признанија за кои ние, помладите новинари во тоа време, не ни бевме слушнале дека постојат. Почитта кон него од новинарски имиња од сите генерации е незаборавна и вечна. Го направи радиото со својот пладневен радио весник во 15.30 часот поатрактивно и послушано од телевизијата. Мојата телевизија (МРТВ) не можеше да се мери со неговото радио. Тоа го правеа Киби, Хари (Миновски), Варна (Варналиев), Драган Геров – Гагуш и сличните.

Киби остави голем позитивен багаж не само во новинарството, туку и семејно. Остави прекрасно семејство и другари што ќе те почитуваат додека се живи.

Камарад, почивај во мир. Ако таму каде што си има живот, повторно ќе се сретнеме кај некој „Чамо“ и ќе продолжиме со другарството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот