Новинарската фела во Албанија утре на протест против законот „анти – клевета“

Парламент на Република Албанија / Фото: Архива

Албанските новинари и други медиумски работници утре ќе протестраат против пакетот Предлог – закони за медиуми, посебно законот „анти – клевета, со кој се предвидува затворање на портал, електронски или печатен медиуми доколку пренесат вест која се карактеризира како клевета и тоа без судска одлука.

Протестот го организираат здруженијата на новинари, под мотото „ Не го допирајте нашиот збор”. Ќе се одржи пред зградата на Парламентот, со почеток во 9:30 часот, триесет минути пред почетокот на собраниската седница.

Новинарската фела доби целосна поддршка од опозицијата и граѓанскиот сектор, но и од Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, која побара текстот на законите да се разгледа од почеток, сметајќи ги за „тежок удар врз слободата на изразување”.

-Јас сум длабоко загрижена кога дознав дека албанскиот парламент ќе ги разгледува двата предлог-закони, познати како „Пакет анти – клевета”. Овие Предлог – закони имаат итна потреба од подобрување. Некои одредби не се во согласност со меѓународните и европските стандарди за човекови права кои ја штитат слободата на изразување и слободата на медиумите , оценува Мијатовиќ.

Таа го повика албанскиот парламент да ги разгледа сегашните нацрти и да ги усогласи со стандардите на Советот на Европа и судските прашања решени во Европскиот суд за човекови права.

Загриженост искажува и Евопската комисија.

-Комисијата го разгледа пакетот закони за медиумите, даде коментари и изрази загриженост во текот на процесот на изготвување. Комисијата ги повика албанските власти да ги разгледаат препораките дадени од ОБСЕ и на Советот на Европа, мобилизирани преку фондовите на ЕУ, со цел да се обезбеди усогласеност со европските стандарди во областа на слободата на изразување, стои меѓу другото во писмениот одговор на ЕК до медиумите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот