Новинарот Реџеп Ќамили нападнат во зградата на МРТВ (ФОТО)

Новинарот Реџеп Ќамили, вработен во МРТВ 2, објави дека денеска попладне бил физички нападнат во зградата на телевизијата од, како што тврди, Авни Ќаили, уредник на културно информативна програма во јавниот сервис.

Ќамили на својот Фејсбук профил објави фотографии со гребаници на телото, што, како што тврди, се последица на нападот.

Како што изјави за МИА, по нападот бил на преглед на Ургентниот центар на скопските клиники.

Не му е позната, вели, причината за нападот.

Случајот, информираше, го пријавил и во полицијата, каде е направен записник.

– Ќе ангажирам адвокат и ќе барам институционална разрешница, најави Ќамили.

Од уредништвото на вториот програмски сервис на телевизијата не го коментираа инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот