Новинарот Гајсер ја открива причината за објавените снимки: Сакам да спречам Македонија да биде понижена

Фото: Фејсбук

Новинарот Ларис Гајсер од весникот „Ла Верита“, веќе објави две снимки поврзани со случајот „Рекет“, а први објавувањето на втората, на својот Фејсбук профил, даде образложение зошто го прави тоа.

Гајсер пишува дека тој не е богат човек, а неговата главна цел е да поттикне борба против корупција во Македонија.

„Од 2015 година следам и известувам како група од неспособни политичари (десничари и левичари) и непријателски странски сили, како си играат со животот и судбината на Македонските граѓани. Слепилото на политичките елити заедно со злобниот меѓународен притисок ја доведоа Македонија до степен на корупција и опасно ограничен суверенитет.

Сите мои поранешни написи и говори беа во насока за да спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредам ЕУ за нејзиниот погрешен пристап и за да ја спречам меѓународната заедница да направи неприфатлив преседан. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница.
Јас не сум богат. Немам големи финансиски фондови за да спроведам експериментални револуции. Како и моите пријатели од „Ла Верита“, мразам глупост и манипулации. Ние верувме во човечката интелигенција и во слободата. И двете секогаш наоѓаат начин да испливаат на површина и да преовладата. Дури и по подолги периоди на понижување.

Мојата надеж, денес, преку моите написи е да ги поттикнам добрите, се уште независни, слободни судии, кои навистина веруваат во владеење на правото, да ги истражат наодите и да направат од Македонија светол пример на стабилна земја. Одбегнувајќи да бидам инволвиран во меѓународни политички препирки, сакам само да дадам свој придонес во потрагата по вистината за да им помогнам на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава“, пишува Гајсер на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот