Новинарката Цеце Николова со емотивна исповед: Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира!

facebook

Македонската новинарка Цеце Николова е една од храбрите жени која се бори без оружје против автоимуната болест алопеција.

24-годишната девојка храбро ја извади периката и покажа како изгледа, охрабрувајќи ги сите оние кои се соочуваат оваа болест да се прифатат себеси и да знаат дека не се сами во ова. Иако не било воопшто лесно, како што вели, навистина нема нешто поубаво од моментот кога ќе се прифатиш каков што си.

Покрај фотографиите, Цеце на својот фејсбук- профил ја сподели нејзината приказна која ви ја пренесуваме во целост:
Мала дигресија. Сакав да ви кажам нешто. Ова сум јас. Драго ми е што се упознаваме. Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа – со коса, кратка. Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се десило. Одувек. Пркни малку, падни многу, пркни повеќе – падни највеќе. 2021-ва дојде. Ја, еве, се сликам без перика.  Ова сум јас, луѓе. Малку се преморив од перики и све што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) – мрежа се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној примети, онаа рекла се занасам нешо… Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира! Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фала богу што изгледам како што изгледам. Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих – заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист. И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си. Ама нека не ве лажат, лесно не е ич“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот