Новинарка кажала шега за Тито, завршила на Голи Оток: Бевме опкружени со море, а жедни до лудило

Јосип Броз Тито
Јосип Броз Тито / Фото: Profimedia

Јосип Броз Тито е симбол на едно време за кое постарите генерации ќе речат дека било многу поубаво од денес. Народот бил посреќен, имало ред и дисциплина и сите со гордост се поклонувале на таткото на тогашна Југославија која важела за светска сила.

Во чест на Тито се напишани и отпеани многу песни. Една од најпознатите песни „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинела младата новинарка Жени Лебл две и пол години затвор на Голи Оток, каде што завршила на само 22 години.

Во тоа време не се знаело многу за Жени освен дека била белграѓанка со еврејско потекло. А за страшниот период што го поминала на Голи Оток не смеело да се пишува многу.

Јосип Броз Тито
Јосип Броз Тито / Фото: Profimedia

Еден од написите за неа од 2013 година бил објавен во српскиот весник „Политика“ во кој работела додека не била уапсена поради несмасна шега што ја направила на сметка на Јосип Броз Тито, која едно утро ја раскажала во редакцијата.

Еден колега ѝ кажал шега за тоа како Југославија победила на меѓународниот натпревар за цвеќе затоа што пораснала љубичица од 100 килограми, алудирајќи на песната „Druže Tito, ljubičice bela, tebe voli omladina cela“. Откако ја кажала шегата во редакцијата, по Жени Лебл дошле двајца удбаши, бидејќи, како што рекле, зборувала против Тито и не го пријавила непријателот на народот од кого ја слушнала контроверзната шега.

Лебл била однесена во затворот на УДБ Главњача, па во логорот Рамски рит, па во Забела, Гргур и Голи Оток. Во петте затвори, каде што била од април 1949 до октомври 1951 година, од неа барале да го промени своето мислење и да ја признае вината. Таа подоцна била исклучена и од Здружението на новинари.

По распадот на Југославија, во 1990 година  Жени објави книга наречена „Ljubičice bela“, која станала бестселер во Израел, каде живеела до нејзината смрт во 2009 година. Во својата книга, таа ги опишала ужасните искуства од кампот, а многумина дотогаш не ни знаеле дека таму биле испраќани и жени.

„Само жедните знаат да ја ценат водата. Бевме опкружени со море, а жедни до лудило“, напишала Лебл. „Девојките се претвараа во старици, им паѓаа забите, се разболува кога ќе им стигнеше веста дека нивните деца, мајки и сопрузи се откажале од нив затоа што станале непријатели на народот“, напишала во својата книга Жени Лебл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот