Новинарка го нарече Борисов „е*ан“ (ВИДЕО)

Новинарка, налутена од изјавите на премиерот Бојко Борисов, откако тој ја провери работата за изградба на автопатот Струма и тунелот Железница, го нарече „е*ан“.

Премиерот одговори на неколку прашања од новинарите директно на градилиштето, ги сумираше состојбите со кризата со коронавирусот и ги прекина прашањата бидејќи имал итен состанок во Банско.

Веднаш по крајот на импровизираниот брифинг, кој се пренесуваше во живо на најгледаните ТВ канали во Бугарија, една новинарка се заврте и очигледно го нарече Борисов „е*ан“.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, новинарката по се изгледа била револтирана што не можела да му постави прашања на премиерот. Бугарските медиуми исто така наведуваат и дека е нејасно дали „комплиментот“ од новинарката е упатен токму кон Борисов. Има и такви кои тврдат дека станува збор за намерно направен клип, односно дека коментарот на новинарката е дополнително вметнат и дека тоа е дело на човекот кој го објавил видеото на Фејсбук.

Дали не го нахрани репортерката ???

Publiée par Bojidar Kolev sur Mercredi 15 avril 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот