Новинарите во Грција го осудија полициското насилство врз медиумите

Здружението на новинари од грчките весници ги осудува случаите со полициското насилство врз новинарите, бара истото да го стори и владата и вели дека во слободна и правна држава, неприфатливо е, претставниците на медиумите да бидат на мета на полицијата.

Осудата доаѓа откако во неделата, по завршувањето на протестот за одбележување на 46 години од студентскиот бунт и падот на хунтата, за време на инцидентите во атинската населба Ексархија , полицијата нападна новинар од информативен портал, јави дописничката на МИА од Атина.

„Нашите колеги, кога известуваат, ја извршуваат нивната должност со водечки критериум, информирање на јавноста, „пред”, а не „зад” полициските сили. Неприфатливо е, во слободна и правна држава, новинарите да бидат на мета затоа што се обидуваат да го информираат грчкиот народ на начин што ќе обезбеди информации и слобода на изразување“, соопштуваат од здружението и воедно бараат осуда и од владата и казна за одговорните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот