АНКЕТА: Новинарите ја примија вакцината против ковид-19, повикуваат и другите да го сторат истото

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Околу 600 новинари и медиумски работници денеска се вакцинираа против ковид-19. Дел од нив пред камерата на Слободна ТВ ги охрабрија граѓаните да не се двоумат и без страв да се пријават за вакцинирање, бидејќи како што велат, поголема е опасноста од самиот вирус, отколку од вакцината која е наменета за да се спаси човештвото од пандемијата поради која животот го изгубија голем број граѓани, а во колапс е не само здравствениот систем, туку и економијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот