Новинарите бараат физичко присуство во Собранието

Фото: МИА

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по барање на новинарите, на денешната собраниска седница ќе побара од собранискиот спикер Талат Џафери, на претставниците на семдата сила да им бидат овозможени услови за физичко присуство на работата на седниците и собранските комисии.

– Во салата „Борис Трајковски“ има доволно место за камерманите и за новинарите во салите три и четири. Во спротивно ќе го сметаме како обид за опструкција и спречување на секој медиум непречено да ја известува јавноста. Сите ги знаеме собранските известувачи и мислам дека нема да биде проблем Собранието да обезбеди физички да ја следат работата на комисиите и другите работни тела. Очекувам ова мое барање да биде прифатено и медиумтие да можат непречено да си ја извршуваат работата, рече Мицевски.

Според спикерот Талат Џафери, неспорно е дека медиумите треба да ја следат работата на пратениците и на пленарините седници и на работните тела.

– Со здравствениот протоколот кој е донесен поради пандемијата од коронавирусот обработени се правила и за медиумите. Тие можат да ја следат работата на Собрнието, но од салите три и четири. А видео инсертите се дозволени само од телевизиската екипа од МТВ кои треба без лого да ги дистрибуира до сите други медиуми, рече Џафери.

Тој информираше дека денеска на координација со собраниските служби ќе бидат разгледани протоколите и можностите за барањето на новинарите за физичко присуство во Собранието.

– Таму каде ќе има услови секако дека ќе обезбедиме, ќе нема никаква пречка. Деловникот не дозволува директен пренос на работа на комисиите освен на Комисијата за финансирање и буџет. Во живо се пренесуваат и седниците на собраниските комисии на собранискиот сајт. Но кој ќе определи кој од медиумите може да влезе внатре а кој не, бидејќи нивнот број треба да биде десетина, рече Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот