Новинар на Еј-Би-Си отпуштен откако извести дека сите деца на Коби се наоѓале во хеликоптерот

Гутман жали за грешката што ја направил и уште еднаш се извини до семејството на Коби за „предизвиканата болка од загубата и дополнителното страдање предизвикано од прилогот”.

Уште еден новинар во САД доби отказ поради погрешно известување за трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби НБА кошаркарот Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џиана.

Мат Гутман, главен известувач за САД на телевизијата Еј-Би-Си Њус, првично во јавување во живо известил дека сите деца на Брајант, Наталија (17 години), Бјанка (три) и Капри (седум месеци) се наоѓале во хеликоптерот. Подоцна тој се коригираше во соопштение на Твитер.

– Денеска неточно известив дека се смета оти четирите деца на Коби Брајант летале со него. Тоа е погрешно. Се извинувам до семејството на Коби, пријателите и нашите гледачи, напиша новинарот. По ова тој доби отказ од националната ТВ мрежа.

Прочитајте и...  Димитров: На 15 јули турнете нè напред силно да продолжиме со реформите!

– Точно известување за фактите е камен темелник на нашето новинарство. Како што и јави во неделата, известувањето на Мат Гутман првично беше погрешно и не ги исполни нашите уреднички стандарди, изјави претставник на телевизијата.

Гутман жали за грешката што ја направил и уште еднаш се извини до семејството на Коби за „предизвиканата болка од загубата и дополнителното страдање предизвикано од прилогот”.

Од „Еј-Би-Си” не потврдија дали Гутман е привремено суспендиран или добил траен отказ од работа.

Во денакаде сличен настан, новинарка на „Вашингтон пост” исто така беше суспендирана од работа поради тоа што на својот Твитер профил постави линк до прилог на порталот „Дејли бист” од 2016 година. Во прилогот се говори за кривично дело „силување” покренато против Брајант во 2003 година. Обвинението беше повлечено.

Прочитајте и...  Ахмети: Навредата за „пет пари" многу боли, но сме поминале многу

Веднаш по објавениот твит, Сонмез добила повеќе закани кои таа ги репостирала на социјалните мрежи, и поради сето ова новинарката доби привремена суспензија од работа, под сомнеж дека ја нарушила политката за социјални мрежи на медиумот.

Прочитај повеќе

Филипче: Во јули лиценцирани 66 докори на медицина, половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти

Слободен печат

Што снимаш ти мајмуне- нападната новинарската екипа на Ал Џезира (ВИДЕО)

Слободен печат

Два нови случаи на коронавирус во Кавадарци

Слободен печат

Вучиќ за Ројтерс: Се исплатеа напорите на Германија и Франција, прва релативно оптимистична вест (ФОТО)

Слободен печат

Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори (ВИДЕО)

Слободен печат

Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува на домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Доставени картичките за „зелена нафта” во Струмичкиот регион

Слободен печат

Димитров: Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со ЕУ

Слободен печат

МОФ: Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање

Слободен печат

Ангеловска на тркалезна маса на СБ за поддршка на приватниот сектор во КОВИД-19

Слободен печат

Британската Влада до 2025 година ќе ја отстрани опремата на Хуавеј

Слободен печат

Јанушев: Раст на пензиите од 20% и раст на плати од 25% за еден мандат (ВИДЕО)

Слободен печат