Новинар го теши Мурињо по елиминацијата (ВИДЕО)

twitter/Squawka Football

Тотенхем го заврши настапот во Лигата на шампионите по поразот од Лајпциг и во вториот натпревар и тоа со 3:0, со што проблемите на менаџерот Жозе Мурињо никако да завршат.

Се почна до повредата на Хари Кејн, а тимот не успеа да обезбеди соодветна замена за него, а кога се повреди и вториот напаѓач Хјонг Мин Сон, стана јасно дека Тотенхем ќе има огромни проблеми со реализацијата. Поразите станаа секојдневие во Премиер лигата за Мурињо и Тотенхем, а од Норич загуби во ФА Купот, а вчера ги завршија настапите и во Лигата на шампионите.

Елиминацијата значеше дека Тотенхем уште една сезона ќе остане без трофеј, а поддршка на Мурињо му даде англиски новинар веднаш по прес конферецијата во Лајпциг.

„Разведри се, се ќе биде Ок“, му рече новинарот на Мурињо.
„Што“, праша изненадениот менаџер.
„Сезона. Сезоната ќе биде Ок“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот