Новицки европски кошаркар на деценијата, Обрадовиќ најдобар тренер

twitter/History Of Sports

Читателите на специјализираниот кошаркаркаски портал „Eurohoops“ ги избраа најдобрите во Европа.

„Eurohoops“ на своите читатели им постави анкета во која се бираат најдобрите кошаркари во последните 10 години. Се бираа најдобар европски кошаркар во НБА лигата, најдобар кошаркар во Европлига и најдобар тренер.

Во категоријата за најдобар европски кошаркар во НБА во изминатата деценија, највеќе гласови доби Дирк Новицки кој минатото лето замина во пензија. Легендарниот Германец доби 46% од гласовите, а на второто место се најде центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ за кого гласаа 24% од гласачите. Трет е Јанис Адетокумпо кој доби 16% од гласовите.

twitter/Eurohoops.net

Најдобар играч во Евролигата е бекот на Олимпијакос, Василис Спанулис кој освои 35% од гласовите. Тој во последните 10 години два пати триумфира во Евролигата, а е на второто место на вечната листа на најдобри стрелци во еминентното натпреварување.

Втор во изборот на фановите е легендарниот кошаркар на Панатинаикос, Димитрис Дијамантидис, додека трет е Богдан Богдановиќ.

twitter/Fenerbahçe Beko

Очекувано, Жељко Обрадовиќ е најдобар тренер во последната деценија. Сегашниот тренер на Фенербахче освои 49% од гласовите, а по него следат Чави Паскал со 16% и Пабло Ласо со 13% од гласовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот