Нови жаришта во Исланд: Владата веднаш воведе нови мерки

Фото: Профимедиа

Исланд во четвртокот повторно воведе ограничувања на јавни собири откако се откриени уште најмалку две нови жаришта на инфекцијата во земјата, соопштила владата на таа земја.

– Мерките кои сега ги воведуваме треба да не поштедат од потребата за драстични ограничувања, рекла премиерката Катрин Јакобсдотир, пренесува Ројтерс.

Мерките, кои ограничуваат јавни собири на 100 луѓе и повторно воспоставуваат правило на држење дистанца од два метри следат само една недела откако владата најави олеснување на ограничувањата, како овозможување на собири до 1.000 луѓе.

Исланд имаше голем успех во спречување на епидемијата на коронавирусот од март, заради агресивни тестови и стратегијата на следење на вирусот. Вулканскиот остров избегна целосно затворање на земјата, иако некои училишта и претпријатија мораа да се затворат и постават ограничувања за собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот