Нови земјотреси ја тресат Албанија

Фото: Принтскрин

Два нови земјотреси биле почуствувани денеска во Корча, Албанија.

Според Институтот за геолошки науки, вода и животната средина, првиот земјотрес бил почувствуван околу 14:44 часот, со магнитуда од 3,6 степени од Рихтеровата скала, 4 километри источно од селото Николица.

Додека вториот земјотрес бил регистриран во 16:36 часот со магнитуда 3.9, 14 километри јужно од Корча, јавува Балканвеб.

Неколку земјотреси регионот на Корча го погодија на први јуни, кога имаше и значителни штети на неколку куќи, а жителите беа принудени со денови да живеат во шатори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот