Санторини/Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Нови земјотреси ги стресоа Санторини и Анафи

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала се случи во 11 часот и 42 минути северозападно од Анафи, се вели во соопштението на Геодинамичкиот институт на Грција.

Поточно, како што соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на потресот е лоциран во морската област на 26 километри северозападно од  Анафи.

Земјотресот се случил на оддалеченост од 232 километри југоисточно од Атина.

Земјотрес со јачина од 4.9 степени според Рихтеровата скала се случи во 11 часот на оддалеченост од 234 километри југоисточно од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓа во морската област 26 километри југозападно од Аркесини, Аморгос.

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во 10.16 часот во саботата наутро меѓу Санторини и Аморгос.

Се потсетува дека научниците препорачуваат трпение уште најмалку две недели за да се донесат сигурни заклучоци за еволуцијата на феноменот, но препорачуваат смиреност и проценуваат дека ризикот од одење до најлошото сценарио, она на најсилниот земјотрес, од ден на ден се повлекува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот