НОВИ ЗАКОНИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ВО ФРАНЦИЈА: За кршење на овие регулативи казните изнесуваат и до 1500 евра

фото: ЕПА/ЕФЕ

Електричните тротинети се повеќе се возат по улиците во нашата држава, но и низ цел свет. Тие иако се економски, добри за патување за кратки релации и се добри за природата, сепак претставуваат проблем поради немањето законски регулативи за нивно регулирање во сообраќајот.

Сепак, Франција станува една од првите држави што ќе го регулира возењето на електричните тротинети. Француските медиуми наведуваат дека возачите на електричните тротинети мора да имаат најмалку 12 години, а при тоа максималната брзина со која може да се движат ќе е ограничена на 25 километри на час.

На прометни сообраќајници ќе мора да се користи кацига при возење на електричниот тротинет, а казната за кршење на овие, но и други закони ќе значи касна од 135 до 1500 евра.

Во Македонија се уште нема законски регулативи за електричните тротинети, а пред неколку месеци надлежните рекоа дека се работи на тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот