Нови закани за санкции од САД за Турицја поради ракетниот систем С-400

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

На Турција ѝ се закануваат санкции од американскиот Конгрес поради купувањето на рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400, а претседателот на САД, Донад Трамп на Турците ќе им соопшти дека таквото купување е неприфатливо за време на посетата на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Вашинготн следната недела, изјави американскиот советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан, пренесе „Србија данас“.

– Американскиот Конгрес е подготвен економски да ја казни Турција, доколку таа не отстапи од купувањето на руски ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 – соопшти советникот за национална безбедност на Трамп, О’Брајан.

– Бевме многу незадоволни со тоа. Ако Турција не се ослободи од системот С-400, Конгресот најверојатно ќе воведе санкции во склад со Законот за борбата против непријателите на Америка по пат на санкции (т.н закон CAATSA), со големо мнозинство од двете партии, и Турција ќе ги почувствува овие санкции. Јасно му рековме на претседателот Ердоган дека нема место за С-400 во НАТО, ниту за значајно купување на руско вооружување. Претседателот Трамп тоа ќе му го соопшти (на Ердоган) многу јасно кога ќе дојде во Вашингтон – рече О’Брајан за телевизијата Си-Би-Ес.

Претходно САД ја исклучија Турција од својата програма за производство на авионите Ф-35 и се заканија со понатамошни санкции поради купувањето на рускиот противвоздушен систем.

Русија на почетокот на овој месец завриш со испорака на сите делови за системот С-400 во Турција, пред планираниот рок. Министерот за одбрана на Турција изјави дека системот ќе биде подготвен за работа до следната пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот