Нови забавни инстант лозови од Државна лотарија: „Остров на скриеното богатство“ и „Бинго“

Државна лотарија

Државна лотарија ја збогатува палетата на инстант лотаријата со два нови инстант лоза за подолготрајна забава

Трагачите по забава, добивки и возбуда ги очекува нова авантуристичка игра во потрага по скриеното богатство. Сè што треба да направите е да ги следите стрелките на полето за гребење, во форма на мапа. Потрагата е забавна, а гребењето во правец на стрелките може да ве одведе до главната премија од 1 000 000 денари (5 х 1 000 000 ден.), или други бројни паричи добивки.

За сите љубители на играта на среќа бинго, Државна лотарија подготви инстант лоз со име „Бинго“. Со Државна лотарија, оваа забавна игра на среќа, за првпат се најде на инстант лоз. Сега може буквално „да се изгребе“ бинго. На лозот има два посебни дела за гребење: поле со бинго броеви (по левата страна), коешто содржи 24 броја (1 до 90), а по десната страна на лозот се 4 бинго комбинации (со по 3 линии).

Поклопувањето на 15 од изгребаните бинго броеви со сите броеви во една од комбинациите од по три линии, значи бинго добивка., а сумата на бинго добивката е испишана над секоја од 4-те комбинации. Покрај премиите на поединечните бинго комбинации во вредност од 600 000 ден. (х 6), 120 000 ден. (х 10), 60 000 ден. (х 20) и 30 000 ден (х 50), може да бидат освоени уште две категории добивки – две линии и линија, како и кај редовната бинго игра. Веруваме дека љубителите на играта бинго, брзо ќе го прифатат овој инстант лоз, бидејќи начинот на игра е добро познат и многу забавен.

Со овие два инстант лоза, преку потрага по скриеното богатство и откривање бинго броеви. Државна лотарија ја збогатува можноста за добивки, а за љубителите на инстант лотаријата, нуди подолготрагна забава.

Државна лотарија

Комерцијален ПР текст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот