Нови ужасни детали: Анџелина Џоли тврди дека Бред Пит ги давел и тепал децата

анџелина џоли
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Актерката Анџелина Џоли (47) поднела противтужба против нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит (58). Притоа, актерката открила нови детали за она што во судските документи го опишала како негово злоставување во приватниот авион во 2016 година, а што наводно довело до распадот на нивниот брак.

Тужбата, која во вторникот ја поднеле адвокатите на Анџелина во Лос Анџелес, ги содржи наводите за расправијата во авионот на 14 септември 2016 година, која неколку дена подоцна довела до нејзиното барање за развод.

– Кога едно од децата вербално ја одбранило Џоли, Пит се нафрлил врз сопственото дете, а Џоли го фатила одзади за да го запре. За да ја симне Џоли од грбот, Пит се фрлил наназад во седиштата на авионот, при што Џоли ги повредила грбот и лактот. Децата поитале внатре и сите храбро се обиделе да се заштитат едно со друго. Пред да заврши, Пит почнал да дави едно од децата, а друго удрил по лицето. Некои деца го молеа Пит да престане. Сите се преплашени – пишува во новиот поднесок.

EPA EFE
Фото: EPA

Во документите се тврди дека во текот на „многуте напнати часови“ од летот, Пит „повремено излегувал од задниот дел на авионот за да им вика и да ги пцуе“ и „во еден момент ја полил Џоли со пиво, а во друг ги полил децата во пиво и со црвено вино“. Во документите се спомнува „трауматичното распаѓање на нивното семејство“ и се напоменува дека Џоли „никогаш не зборувала јавно за настаните што доведоа до нивната разделба“.

Џоли „претерано се трудела да ги заштити своите деца од повторното преживување на болката што Пит му ја нанел на семејството тој ден“, се вели во документот, „но кога Пит барал повторно воспоставување на контролата врз финансискиот живот на Џоли и ја принудувал повторно да се смират, тој ја натера Џоли за првпат јавно да се брани за тие прашања“.

анџелина џоли
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Адвокатите на Пит сè уште не се огласиле за овие тешки обвинувања од страна на поранешната сопруга на актерот.

Анџелина Џоли ја доби правната битка против поранешниот сопруг Бред Пит

Анџелина Џоли ја доби правната битка против поранешниот сопруг Бред Пит

Бред Пит конечно доби заедничкото старателство над децата – Анџелина Џоли ја продолжува правната борба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот