Нови трагедии во Нови Сад: 11-годишно девојче и 19-годишно момче паднаа од згради во два одвоени инцидента

Српска полиција/ Фото: МИА

11-годишно девојче и 19-годишно момче во неполни 24 часа ги загубија животите во Нови Сад, во слични инциденти, при пад од згради од голема височина, јавуваат локалните медиуми.

Девојчето паднало од тавански прозорец вчеравечер околу 21 часот и загинало на самото место. Телото го пронашле минувачи, а засега нема никакви информации околу околностите под кои се случила трагедијата.

Како што пренесоа медиумите, околу 17 часот денеска, непознато момче паднало од тераса на зграда, а лекарите кои биле повикани, можеле само да ја констатираат смртта. Телото е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција и идентификација.

Според информациите кои се објавени, момчето било во станот на неговата девојка, каде што дошло непосредно пред кобниот пад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот