Нови тезги уредени по современи хасап стандарди за охриѓани (ВИДЕО)

Новиот објект на Зелениот пазар во Охрид значи модернизирање на условите за работење за пазарџиите, исполнување на стандардите за трговија со земјоделски и прехранбени производи и подобрување на услугите на граѓаните и компаниите од подрачјето на Општина Охрид, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешниот настан по повод новиот објект на Зелениот пазар во Охрид.

Согласно стратешките определби за развој и унапредување на Локалната самоуправа, новата административна и деловна трговска зграда во која се содржи и нов затворен Зелен пазар, се изгради преку формирање на Јавно-приватно партнерство, помеѓу Општина Охрид и АД „Илинден“, Струга.

-Овој објект со површина од 6.779 м2, одговара на потребите на пазарџиите со капацитет за 190 нови тезги уредени по современи хасап стандарди. Со соодветните решенија со пристапни рампи, овој современ објект ги исполнува и условите за пристап на лицата со посебни потреби- истакна премиерот Заев.

Прочитајте и...  Мицкоски: Заев е кошмар за Македонците, но е најпосакуван сон за соседите (ВИДЕО)
Фото; Влада

Премиерот додаде дека освен за трговија и снабдување, пазарите се движечки трговски и економски субјекти, за кои Владата обезбедува поддршка преку економски политики, кои даваат резултати со зголемување на личната потрошувачка и зголемување на профитот.

-Го слушнавме и гласот и реакциите на граѓаните трговци на зелените пазари и донесовме одлука да престане важноста на Законот за трговија на зелените пазари. Прифативме дека примената на овој закон ќе предизвика социјални и финансиски последици за трговците на зелените пазари, и дека ќе се одрази на поширок сегмент на засегнати граѓани. Затоа ја донесовме оваа одлука во интерес на граѓаните-заокружи премиерот Заев и потенцирање дека целта е да се врати оптимизмот кај граѓаните, да се интензивира потрошувачката, која на малите трговци и компании ќе им ги врати инвестициите и ќе им донесе и заработувачка.

Прочитајте и...  Заев: Не смееме да дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создаваме овие три години (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески рече дека станува збор за крупен проект реализиран по пат на јавно – приватно партнерство, со површина од 6.779 м2, со подземен јавен паркинг од 2.433 м2, технички одделенија и деловни и заеднички простории на првиот и вториот спрат, најавувајќи и други проекти, кои се значајни за Охрид и Охриѓани.

Прочитај повеќе

Мицкоски: Заврши времето на политичари елитисти, ние ќе ги засукаме ракавите и ќе ја обновиме Македонија

Слободен печат

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

Слободен печат

Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Слободен печат

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Слободен печат

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам

Слободен печат

Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ

Слободен печат

Шахпаска од Велес: На 15 јули одиме напред по патот на напредокот

Слободен печат

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги осудуваат законите упатени кон новинарката Милевска

Слободен печат

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

Слободен печат

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Слободен печат

Шекеринска: Идниот премиер ќе биде Заев кој има рекордна поддршка и кај Македонците и кај Албанците

Слободен печат