Нови теренски возила за потребите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје

ЈП „Водовод и канализација” – Скопје го обнови возниот парк со теренски возила за потребите на Сектор Водовод, Сектор за експлоатација и одржување на капацитети и дежурната служба во рамки на Информативниот центар.

Од Јавното претпријатие информираат дека седумте теренски возила се набавени и распределени во овие сектори заради полесно извршување на теренските активности и олеснет пристап до специфичните подрачја на кои е распространета мрежата на претпријатието.

– Неодамна, Секторот за санитарна заштита при ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, ја комплетираше ревитализацијата на микробиолошкиот оддел согласно европските стандарди, регулативи и директиви, велат од јавното претпријатие.

Посочуваат дека претходно е обновено дел од механизацијата во декември 2019, со набавка на две нови цистерни под притисок со волумен од 4м3, две цистерни под вакуум со волумен од 4м3, како и специјализирано мерно комбе – возило за испитување на дефекти на водоводната мрежа, со цел, како што велат, подобрување и унапредување на работниот оперативен процес, но и подобрување на условите за живот на граѓаните, како и грижата за животната средина,

Истакнуваат дека преку имплеметација и реализација на инвестиционата програма, ЈП „Водовод и канализација” – Скопје инвестира и во иднината на претпријатието, во олеснување на работните процеси и во подобрување и унапредување на услугите кои се во служба на корисниците и граѓаните на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот