НОВИ ТЕНЗИИ ВО КАШМИР: Цивилни жртви во судирите на Индија и Пакистан

Пакистанските и индиските трупи разменија оган во спорната хималајска област Кашмир, судир во кој загинаа четири цивили и се повредени околу десет лица, рекоа официјални лица од двете страни.

Пакистанското министерство за надворешни работи упати дипломатски протест поради „крштењето на примирјето“ претходниот ден, настан во кој се убиени три цивили, вклучувајќи и две деца на пакистанската страна на спорната граница во Кашмир.

Од друга страна, портпаролот на војската на Индија, Девендер Ананд, рече дека Пакистан во понеделникот и вторникот отворил оган на позициите на индиската војска, како и дека на цел биле неколку околни села, пренесува „АП“.

Кашмир е поделен меѓу Пакистан и Индија, а Делхи во август започна нов круг на тензии, кога од своја страна ја намали автономијата на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот