Нови сведоштва за перверзиите на Епстајн: „Криеше камери за да ги снима приватните моменти на жртвите“

Фото: Profimedia

Една од жените која го обвини сега починатиот милијардер и осуден педофил Џефри Епстајн за сексуална злоупотреба тврди дека тој поставувал мали камери низ неговиот дом во Менхетен, како дел од неговиот систем за надзор преку кој ги надгледувал „приватните моменти“ на неговите жртви, објави New York Post.

Мариа Фармер, која тврди дека во 1996 година била регрутирана во операцијата за сексуална трговија на Епстајн, рече дека обвинетиот педофил ѝ го покажал обемниот таен систем за надзор во неговата резиденција во Менхетен.

– Главната работа која ја направи кога влегов, ми ги покажа камерите – изјави Фармер во интервју на телевизијата Си-Би-Ес.

Таа додаде дека Епстајн имал соба за надгледување зад скриена врата, во која имало телевизори на кои во реално време се надгледувале снимките од камерите.

Фармер објасни дека системот за надзор – кој вклучувал и мали камери кои тешко може да се забележат – наводно ги надгледувале спалните соби и бањите.

– Погледнав во камерите : тоалет, тоалет, кревет, кревет, тоалет. Си реков, никогаш нема да спијам овде или да одам во тоалет. Беше многу очигледно дека тој сака да ги надгледува “приватните моменти” на посетителите – констатира таа.

Фармер го тужи раководството на имотот на Епстајн, заедно со помладата сестра Ани Фармер и Тереза Хелм за 557 милиони долари штета, поради насилство и емоционална вознемиреност.

Во тужбата, Фармер тврди дека врз неа бил извршен напад од страна на педофилот кога таа имала 26 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот