Нови судири во Појасот Газа: Испалени неколку ракети

Неколку ракети се испалени од палестинскиот појас Газа, поради што неколку пати се огласија сирените за аларм во јужниот дел на Израел, соопшти израелската војска.

Како одговор на тоа, израелската војска со авиони гаѓаше две места во северниот дел на Газа.

Ова е втор ден како траат тензиите меѓу Палестина и Израел.

Во текот на вчерашниот ден беа повредени два израелски војника од територијата што ја контролира Хамас, на што Израел одговори со воздушни напади на две упоришта во Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот