Нови аудио снимки поврзани со „Рекет“ објавени на Јутјуб: Се спомнува и обвинителката Русковска

Фото: Принтскрин

Не изминаа ни три дена откако на Јутјуб канал беа објавени аудио снимки наводно за аферата „Рекет“, денеска на истиот канал се појавија нови аудио записи. Во снимките се слуша машки глас кој наликува на бизнисмен кој е сведок во „Рекет“ кој кажува дека торбата со парите не завршила кај Заев. Додава дека во неа имало ГПР, а била изнесувана и надвор од Македонија. Во снимката се споменува и обвинителката Вилма Руковска.

Во првата снимка се вели:

„Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти. Не не пуштија они. Што зборите вие?“

Во втората снимка се вели:

„Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав. Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица“.

Во третата снимка се вели:

„Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“.

Во четвртата снимка се вели:

„Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот дел ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната.“, по што се слуша гласно смеење.

Во петтата снимка се вели:

„Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“.

Во шестата снимка се вели:

„Пишувам, те молам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам во документ, ќе ти го покажам. Друже мој, Македонија мора да стане правна држава, да идеш да си пријавиш инаку ти ќе одговараш“.

НОВА „БОМБА“: „Со Зоки биле во Милано, овој нашиов се плеска со него?“ (АУДИО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот