Нови снимки на НАСА: На Антарктикот за шест дена се стопиле десет сантиметри мраз

Фото: EPA-EFE/NASA EARTH OBSERVATORY

На 6 февруари метеоролошката станица на базата Есперанза која се наоѓа на Антартичкиот Полуостров ја регистираше највисоката температура некогаш забележана на тоа подрачје, поточно 18,3 степени Целзиусови.

Антарктикот се очекува да биде исклучително ладно место. Средната годишна температура на континенталниот дел изнесува -57 степени Целзиусови, додека на крајбрежните подрачја температурата во просек варира околу 10 степени.

Но, на 6 февруари метеоролошката станица на базата Есперанза која се наоѓа на Антартичкиот Полуостров ја регистираше највисоката температура некогаш забележана на тоа подрачје, поточно 18,3 степени Целзиусови.

Наведената висока температура беше дел од последниот топлински бран кој траеше речиси една недела, а снимките од островот Игл, кои НАСА ги сними со сателитот Ландсат 8, покажуваат каков ефект имале овие несекојдневно високи температури врз тоа подрачје.

Островот Игл се наоѓа во близина на брегот на Грахам Ленд на Антартичкиот Полуотров. Поради рекордно високите температури, се стопиле големи количества на замрзнатата покривка на островот, пишува „Сајнес алерт“.

Никогаш досега не сум видел толку брзо топење на ледот на Антартикот – рече геологот Маури Пелто од факултетот Николс.

Фотографии од снимките (4 – 13 февруари) Фото: Принтскрин

Додаде дека вакви топења обично се случуваат на Алјаска и Гренланд, но не и на Антарктикот и додаде и објасни како меѓу 6 и 11 февруари на островот Игл се стопиле 10 сантиметри лед.

Овој топлински бран не беше првиот во оваа сезона, а ноември и јануари исто така беа искучително тоpли.

Сам по себе овој топлински бран и топењето на ледот на Антарктикот не е толку значајно. Проблемот е тоа што ваквите феномени се случуваат сѐ почесто – додава Пелто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот