Нови случаи со корнавирус во Британија и Виена, Макрон предупредува на криза

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја посети болницата во Париз во која се лекуваат пациенти заразени со новиот коронавирус.

Во Велика Британија денеска се пријавени уште два случаи на инфекција со новиот коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 15.

Заразените се во Кралската болница во Ливерпул и Кралската слободна болница во Лондон.

Владата на Велика Британија подготвува мерки за борба против епидемијата што се шири низ целиот свет, откако вчера бројот на заразени лица во светот го надмина бројот на заразени во Кина.

По две потврдени инфекции со новиот коронавирус во австриската провинција Тирол, еден човек во Виена денеска е позитивен на коронавирусот.

Се работи за 72-годишен маж кој се наоѓа во изолирано одделение на болницата Рудолфстифтунг.

Во Виена повеќе од 70 лица биле тестирани за коронавирусот, а ова е прв случај на докажана инфекција.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја посети болницата во Париз во која се лекуваат пациенти заразени со новиот коронавирус.

Посетата доаѓа во време кога француската влада се соочува со притисок од јавноста за да докаже дека земјата ефикасно се бори против епидемијата на Ковид-19.

Во Франција досега од Ковид-19 починаа две лица – постара кинеска туристка и 60-годишен Французин. Тој почина во болницата во Париз, која утрово ја посети Макрон.

– Се соочуваме со криза, со епидемија која доаѓа, изјави Макрон и нагласи дека државата се подготвува да се соочи со голем број на случаи на луѓе заразени со новиот коронавирус.

Српскиот епидемиолог Предраг Кон денеска изјави дека во Србија се уште нема позитивни лица на новиот коронавирус, но оти треба да се каже дека земјата е блиску до ситуација да се појави затоа што „е во близина”.

– Постои закана, треба реално да се согледа која е таа закана, во смисла дека коронавирусот е вирус кој се појавува веќе трет пат и многу е адаптиран на човечкиот вид, што значи дека предизвикува се поблаги и поблаги болести во однос на претходниот период. Тоа се факти кои се собрани од досегашните податоци, рече Кон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот