Нови случаи на мистериозниот вирус во Кина

Светската здравствена организација предупреди дека е можно ширење на епидемија.

Нови четири случаи на мистериознот вирус, Коронавирус 2019, во храдот Вухан, Кина биле откриени од страна на кинеските здравствени власти.

Кај четворицата пациенти е констатирано воспаление на белите дробови, што е еден од симптомите на вирусот. Сепак, пациентите се во стабилна состојба.

Новите случаи предизвикаа загриженост дека болеста може и натаму да се шири.

Околу 50 луѓе досега се заразени и тоа сите од Вухан или жители од околните места кои го посетиле градот.

Светската здравствена организација предупреди дека е можно ширење на епидемија, со оглед на тоа што голем број Кинези патуваат во странство, особено што од следната недела почнуваат новогодишните празници.

Освен во Кина, вирусот се појавил и во Тајланд, но повторно бил забележан кај двајца граѓани на кинескиот град Вухан.

Во подгрупите на коронавирусите влегува и САРС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот