Нови скандалозни детали излегоа во јавност: Додека принцот Чарлс ја заведувал Камила, сестра му имала афера со нејзиниот прв сопруг

Instagram

Шокантни детали од кралскиот двор повторно излегоа во јавност. Веќе одамна е позната вонбрачната афера на принцот Чарлс со Камила Паркер, но ретки се оние кои знаеле дека нејзиниот бивш сопруг имал афера со членка од кралското семејство.

Сите тајни се откриени во една епизода од популарната серија „The Crown“.

Принцот Чарлс никогаш не ги криел симпатиите кон Камила, со која со години бил во вонбрачна врска, а дека тоа било голема љубов се покажа кога Чарлс се разведе и неколку години подоцна се ожени со својата љубов од младите денови.

Камила и Чарлс се запознале во раните 70-ти години, кога таа веќе била во петгодишна турбулентна врска со идниот сопруг Ендрју Паркер Боулс, а кој исто така имал врска со членка од кралското семејство и тоа со помалата сестра на Чарлс, принцезата Ен.

profimedia

Љубовта пламнала во 1970 година на Royal Ascot, на кој го поканило кралското семејство бидејќи кралицата мајка, која била пријателка со таткото на Ендрју го симпатизирала младиот полковник, а ги споила токму страста кон коњите.

За нивната врска веќе се зборуваше во 2007 година во биографијата на Тина Браун, „Хрониките на Дајана“, која напишала:

„Ендрју обожаваше жени. Една од неговите афери беше и онаа со принцезата Ен. Многумина се сеќаваат на романтичната изведба на „Ла Ронда“ на подиумот во Анабел во 1971 годна, кога беше јасно дека принцезата Ен е вљубена во Ендрју, а во него беше вљубена и Камила, додека во неа беше вљубен Чарлс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот