Нови санкции од Канада и Британија против Лукашенко

Канада и Велика Британија денеска наметнаа санкции против Александар Лукашенко и пет членови на Владата на Белорусијапо речиси двомесечните протести и репресии против мирните протестанти. 

Под санкции потпадна и Виктор Лукашенко, најстариот син на самопрогласениот претседател на земјата.  

Во Белорусија речиси два месеца се одвиваат протести против режимот што употребува несразмерна сила, агресија и селективно задржување на мирните протестанти. 

Санкциите предвидуваат, меѓудругото, забрана на Лукашенко и другите санкционирани лица за патување во овие земји и замрзнување на нивните сметки во странство.  

Европската Унија се уште калкулирас со санкции против режимот во Белорусија, но поради консензуалното одлучување не може да го стори тоа.  

Вето на оваа одлука стави Република Кипар, поврзувајќи го гласањето за санкции против Лукашенко со воведување санкции и против Турција поради дупчењата што го прави во Источен Медитеран. 

Прочитајте и...  ВИДЕО: Папата Франциск назначи 13 нови кардинали, меѓу нив и првиот црн великодостојник од САД

Поврзани вести

Лавров во следните три дена ќе ги посети Грција, БиХ и Србија

Слободен печат

Нови 561 случаи на коронавирус, 22 лица починаа, 197 пациенти се оздравени

Слободен печат

Вучиќ: Трамп ќе ја дава вакцината бесплатно за пензионерите, ние бесплатно за сите

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Слободен печат

Состојбата во Албанија не се подобрува: 299 новозаразени, четири лица починаа

Слободен печат

Италија со нов црн рекорд: Над 21.000 новозаразени, 128 лица починаа

Слободен печат

Остави Коментар