Нови Сад ќе им исплаќа по 100.000 динари на семејствата кои имаат починат од ковид-19

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Граѓаните на Нови Сад чии членови на семејството починале од ковид-19, предизвикана од вирусот САРС-КОВ-2 и се погребани на територијата на Нови Сад во периодот од 1 јануари 2021 до 31 декември 2021 година, можат да поднесат барање за парична помош најдоцна до 31 март 2022 година, соопшти градската управа за социјална и детска заштита на Нови Сад.

Инаку, на 31 декември 2021 година, Градскиот совет на Град Нови Сад донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување парична помош на семејствата на граѓаните од територијата на градот Нови Сад кои починале од Ковид-19.  Во член 1 од Одлуката се предвидува парична помош во износ од 100.000,00 динари да им се додели на семејствата на граѓани од територијата на градот Нови Сад кои починале од заразната болест ковид-19 во периодот од 1 јануари 2021 година до 31 декември , 2021 година, а се погребани на територијата на градот Нови Сад, за што се поднесува барање за помош до 31 март 2022 година. Наведената одлука е донесена согласно Одлуката за Буџетот на Град Нови Сад и Финансискиот план за приходи и  расходи на Градската управа за социјална и детска заштита на Град Нови Сад.

За семејствата на починатите од ковид кои се во тешка материјална состојба, Град Нови Сад обезбедува и  еднократна парична помош, согласно Одлуката за социјална заштита на Нови Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот