Нови рочишта за „Титаник”, „Транспортер” и „Тортура”

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Титаник”, „Транспортер” и „Тортура”, кои од СЈО ги презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Случајот за изборни нерегуларности „Титаник” се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник” се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Прочитајте и...  Скопјанец со „ауди“ бркал две лица и се заканувал дека ќе ги убие

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Рочиште денеска е закажано и за предметот „Транспортер”, во кој поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.

Судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Александра Ристевска, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе.

Прочитајте и...  Скопјанка го пријавила таткото во полиција за семејно насилство

Во „Тортура” заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Прочитај повеќе

Скопјанец со „ауди“ бркал две лица и се заканувал дека ќе ги убие

Слободен печат

Скопјанка го пријавила таткото во полиција за семејно насилство

Слободен печат

Пронајден малолетник кој се водеше за исчезнат во Скопје

Слободен печат

За два месеци во гостиварско 160 лица го прекршиле полицискиот час

Слободен печат

Во стан во Центар пронајден починат маж

Слободен печат

Жена од Кичево во својот подрум пронашла минофрлачка мина

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

По семејна расправија кичевец се обидел да го запали семејниот стан

Слободен печат

Верижен судир на пет возила во Битола

Слободен печат

АХВ откри измамник: Сопственик на фирма препакувал и продавал јачменова трева во прав „без глутен“

Слободен печат

Возило прегази пешак кој им подлегна на повредите

Слободен печат

Обвинителен акт против жител на Добри Дол за поседување оружје

Слободен печат

Наместо да седат во карантин излегувале и недолично се однесувале низ Охрид

Слободен печат