Нови рочишта за „Талир“ и „Тортура“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметите „Талир“ и „Тортура“. Првото рочиште за случајот Талир, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, се одржа на 18 февруари годинава.

Застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска, а обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ. На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Судењето за предметот „Тортура“ кое се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, минатото рочиште започна одново поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното судење.

Во предметот обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на „Алфите“ Ивица Антевски Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсење на Бошкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот