Нови рестриктивни мерки во Велика Британија

Гринвич Парк / Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британската влада има намера да воведе целосен карантин во поголемиот дел од северна Велика Британија, а варојатно и во Лондон, со цел да се бори против вториот бран на пандемијата на коронавирусот, објави „Тајмс”.

Новите мерки предвидуваат затворање на сите пабови, ресторани и барови во период од две недели.

Претходно оваа недела, премиерот Борис Џонсон рече дека воведувањето на ограничувачки мерки ќе ги загрози работните места, секојдневниот живот на граѓаните и контактите со луѓето.

„Тајмс” наведува дека ќе бидат забранети и средби на членови од различни домаќинства во затворени простории.

Велика Британија минатата недела воведе мерки со кои се бара сите вработени кои можат да работат од дома, рестораните и баровите се затвораат рано, со цел да се спречи ширењето на вториот бран Ковид-19. Овие мерки се очекува да бидат во сила шест месеци.

Училиштата и продавниците можат да работат, како и фабрики и компании каде работниците не можат да работат од дома, наведува Тајмс, повикувајќи се на висок извор од владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот