Нови рестрикции во Словенија: Се затвораат градинки, хотели и дел од продавниците

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Словенија од сабота ќе воведе нови рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот меѓу населението. Премиерот Јанез Јанша денеска најави затворање на сета неесенцијална трговија, потоа хотели, градинки, студентски домови, со некои исклучоци.

Новите рестриктивни мерки ќе бидат на сила седум дена. Според последните податови што ги објави Владата, во Словенија се потврдени нови 1.663 случаи за зараза со ковид-19.

Дневниот извештај вели дека 26,76 отсто од тестираните лица биле позитивни, на болничко лекување се упатени 357 пациенти, меѓу кои 62 на одделенијата за интензивна нега, додека девет лица ја загубија битката за вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот